Генералниот секретар на ОН го поддржува Одборот за мир, но го смета за личен проект на Трамп

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека ОН соработува со Одборот за мир во Газа, што го основа американскиот претседател Доналд Трамп, но ја опиша пошироката улога на тоа тело како „личен проект“ на американскиот лидер.
Во интервју за „Политико“, Гутереш рече дека ОН ја поддржува целта на Одборот за финансирање и спроведување план за реконструкција на Газа, што вклучува обнова на палестинските домови и инфраструктура.
„Постои цел што е дефинирана и одобрена од Советот за безбедност и ние активно работиме со структурите што ги создаде Одборот за мир“, рече Гутереш. Сепак, тој ги доведе во прашање пошироките амбиции на организацијата, која Трамп ја основа во септември 2025 година како алтернатива на она што тој го нарече „неуспешни“ меѓународни институции, прогласувајќи се за „доживотен претседател на тоа тело“.
Постојаното членство во Одборот бара придонес од милијарда долари.
Обединетото Кралство, Канада, Франција и Германија „останаа настрана“, додека Русија и Кина исто така одбија членство, оставајќи ја организацијата претежно со други земји, вклучувајќи ги Белорусија и Азербејџан.
Гутереш рече дека, освен планот за реконструкција на Газа, не гледа потреба од Одборот на Трамп.
„Се друго сега е личен проект на претседателот Трамп, во кој тој има целосна контрола врз се“, рече тој, додавајќи дека тоа не е ефикасен начин за решавање на меѓународните кризи и дека меѓународното право и принципите на Повелбата на ОН треба да се почитуваат.
Гутереш ги даде коментарите за време на посетата на Брисел по повод состанокот на Европскиот совет, каде што една од главните теми беше ситуацијата во Иран.
Генералниот секретар на ОН, исто така, истакна дека организацијата може да игра улога во деескалацијата на тензиите во Ормутскиот теснец.
Како пример, тој ја наведе Иницијативата за извоз на жито од Црното Море, која ОН ја посредуваше во 2022 година за да овозможи извоз на украинска храна и ѓубрива преку хуманитарен коридор.
МИА
Ново на Сител
-

ЈОРСМ: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство
-

Лишени од слобода 14 возачи за „безобѕирно управување возило“, 12 возеле без положен возачки испит
-

МНРиНТ за бегството на Михајлова: Постапувањето на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба
-

Мицкоски: Македонија ќе биде раскрсница на двата паневропски коридора и нејзиното геостратешко значење ќе биде поголемо
-

Роналдо го спореди своето соперништво со Меси на она на Сена и Прост во Формула 1
-

Директор на училиште и еден наставник повредени во пукање на југот на Франција
-

69-годишник од Грција пронајден починат во с.Ново Село, телото предадено на обдукција
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
