Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

Иранската армија ќе ги води преговорите со САД, изјави портпаролот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ибрахим Резаи.
„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“.
Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран. „Во оваа битка, Америка треба да се предаде и да го признае поразот. Овојпат Трамп ќе биде понижен, и тоа целосно“, истакна Резаи.
Вашингтон претходно соопшти за продуктивни разговори со Иран. Иранското Министерство за надворешни работи негира дијалог, но посочи дека Техеран примил пораки преку посредници со изразена желба на Вашингтон да се започне дијалог за завршување на конфликтот.
Според информации објавени во медиумите, САД предложиле план од 15 точки, но Иран сè уште не ги има потврдено таквите информации.
МИА
Ново на Сител
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
-

Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025
-

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
-

„Тесла“ го претстави новиот „Роудстер“: Забрзува до 100 км/ч за помалку од секунда, лета и се превртува во воздух
-

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов
-

Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
-

Кривична пријава против 47-годишник од Гостивар, нападнал двајца полициски службеници
