Фудбал
28. March 2016 - 15:02

Фудбал У-21: Македонија гостува на Франција

Македонската млада фудбалска репрезентација до 21 година, вечерва во Ле Ман и гостува на соодветната селекција на Франција во квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2017 година. 
 
Селекторот на надежите Благоја Милевски вели дека натпреварот со Исланд е зад нас, сега целиот фокус е насочен против фаворитот во групата, Милевски потенцира дека во Ле Ман одиме да се надигруваме.
 
- Овие репрезентативци се селектирани да играат против секого на гол повеќе. Ние не знаеме да се браниме, ја играме нашата игра. Со Франција ќе се надигруваме и да одиграме уште еден квалитетен натпревар како оној во Скопје против Исланд, истакна селекторот Милевски. 
 
Во првиот меч во Скопје на 15 ноември минатата година, дуелот меѓу младите селекции на Македонија и Франција заврши без победник 2:2. 
 
„Триколорите“ ја имаат улогата на фаворит, а тие се и прво рангирани во третата квалификациска група со 13 бодови по шест одиграни натпревари. Исланд од исто толку средби има 12 бодови, а Македонија е трета со 8 бодови, но и натпревар помалку. По црвено-жолтите на табелата следуваат: Шкотска 5 (5), 
Украина 4 (5) и Северна Ирска 1 (5). 
 
Вечерашниот натпревар меѓу Франција и Македонија ќе започне од 20 часот, а утре од оваа група ќе се игра и дуелот меѓу Шкотска и северна Ирска.