Мицкоски: Проектот во Враништа го разбива стереотипот дека политичарите мислат само на себе, а не и на граѓаните

По години ветувања, денеска почнува реализацијата на проектот за изградба на систем за фекални отпадни води во струшкото село Враништа. Проектот, за кој денеска беше ставен камен-темелник, се реализира со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Станува збор за петти проект што се реализира во општина Струга, а во текот на овој месец, според најавите, треба да се реализираат уште три други проекти.
- Поставуваме камен-темелник на проект за кој се чекало со години. Проектот е петти што се реализира во Струга, а во текот на овој месец ќе се реализираат уште три, така што вкупната вредност на сите осум проекти е околу девет милиони евра - информира градоначалникот на Струга, Менди Ќура.
Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Ќура присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот, оцени дека со овој проект и низата други што се реализираат на територијата на целата држава се разбива стереотипот од минатото дека сите политичари се исти и гледаат само за себе, а не и за граѓаните.
- Ценам дека со нашата работа, посветена, фокусирана во рамките на нашите можности и ресурси, она што можеме да го направиме, го правиме исклучиво и во интерес на граѓаните. Тоа сум го кажал многупати во минатото, ќе го повторам и сега, чуда не се возможни, сите оние што ветуваат чуда не ја говорат вистината. Ние не сме чудотворци, но ќе дадеме сè од себе - да се изразам во спортски жаргон, ќе го оставиме срцето на терен за граѓаните да добијат поквалитетен живот и да го подобриме нивниот живот. Тоа е нашата инспирација и затоа сме посветени максимално - рече Мицкоски.
Тој нагласи дека со политиките на Владата, Струга станува препознатлива и најави дека оваа општина ќе биде еден од главните приоритети во следните години.
- Благодарност до граѓаните на Струга, кои имаат трпение и кои веруваат дека оваа Влада може да направи нешто повеќе за нив и нивните семејства, а ние како Влада даваме збор дека ќе сториме сè што е во наша моќ да го испорачаме сето она што сме го ветувале и нема да застанеме тука, ќе се обидеме и проект повеќе да испорачаме, да го подобриме проектот повеќе на животот на граѓаните на општина Струга - рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
