Почнува целосна примена на ЕЕС системот за влез ЕУ

Системот за влез во Европската унија (EES - Entry/Exit System) од денеска треба да стане целосно оперативен и да ги регистрира сите странски државјани што ќе ги преминуваат надворешните граница на ЕУ преку кој било копнен премин, пристаниште или аеродром.
Со системот што почна да се применува делумно од 12 октомври лани, на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните што патуваат за краткорочен престој, а се од држави што не се членки на ЕУ.
Министерството за внатрешни работи уверува дека ставени се во функција сите расположливи ресурси, за брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини, а од Асоцијацијата на превозници „Макамтранс“ велат дека не се очекуваат зголемени застои и тесни грла на граничните премини за товарниот сообраќај од вообичаените.
Со денешното целосно воведување на ЕЕС системот, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија).
Целта е побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој во согласност со правилото 90 дена во период од 180 дена, со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.
Според Министерството за внатрешни работи, од страна на Граничната полиција на нашата држава преземени се сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.
-Граничната полиција ќе постапува со засилена ангажираност на терен, континуирано ќе ја следи состојбата, ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот и ќе ги информира граѓаните за сите важни информации поврзани со примената на системот, информираа од МВР.
Со оглед дека новиот електронски систем на ЕУ - EES, беше во функција на влезните гранични премини во Шенген зоната и претходно, голем број од професионалните возачи се регистрирани во него, според претседателката на „Макамтранс“ Билјана Муратовска, не се очекуваат зголемени застои и тесни грла на граничните премини за товарниот сообраќај од вообичаените, што, потенцира, не е случај со превозот на патници и патничките возила.
-Насоките за професионалните возачи, но и за вработените во превозните трговски друштва е редовно следење и броење на денови на престој во последните 180 дена, со правилно организирање на соодветна динамика за безбедно користење на превозните средства, со цел да не се појават проблеми и застој на територија на Шенген зоната, вели Муратовска.
Таа појаснува дека од 10 април ќе започне комбинирано броење на денови за престој особено за професионалните возачи, што значи се до истекување на 180 дена (10 октомври) ќе се користат податоци од електронскиот систем, но ќе се бројат и печатите евидентирани во патните исправи се додека не се овозможи добивање на работни визи од одредени држави со кои ќе се надминат проблемите до дефинитивно усвојување на новата Визна стратегија, каде возачите се признаени како професионалци.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
