По повеќе од 50 години, започнува темелна реконструкција на „Самарџии“ - една од најзначајните улици во Чаршијата

Општина Чаир денеска со почеток во 11:30 часот ќе го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци и улици во Старата чаршија, проект кој има за цел да го врати сјајот на еден од најавтентичните урбани простори во Скопје.
Како што соопштуваат од локалната самоуправа, на настанот се очекува обраќање на градоначалникот Изет Меџити, кој ќе ги презентира клучните аспекти на проектот и значењето на инвестицијата за локалната заедница и културното наследство.
- Улицата „Самарџии“, некогаш центар на занаетчискиот живот во Чаршијата, по повеќе од половина век без сериозна интервенција ќе добие целосна реконструкција на површина од 1.567 м². Проектот предвидува реставрација на калдрмата со травертин камен, со што ќе се зачува историската автентичност на просторот, но и ќе се обезбеди долготрајност. Паралелно, ќе се реализира и целосна модернизација на подземната инфраструктура, која вклучува поставување на оптички влакна, нов водоводен и канализациски систем, како и нова електрична мрежа, интервенција која не е направена со децении, наведуваат од општината.
Во рамки на проектот ќе се постави и ново улично осветлување со канделабри во традиционален стил, како и урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци, со што просторот ќе стане пофункционален и попривлечен за граѓаните и туристите.
Со инвестиција од 28,7 милиони денари, овој проект претставува значаен чекор кон заштита, оживување и современо уредување на Старата чаршија, стои во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
