Папата Лав предупредува: Без морални вредности демократијата може да се претвори во тиранија на мнозинството

Папата Лав XIV, во писмо објавено денеска од Ватикан, два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп го нападна поглаварот на римокатоличката црква на социјалните медиуми, предупреди на ризикот демократиите да се претворат во „тирании на мнозинството“.
Првиот папа кој доаѓа од САД, пишувајќи им на учесниците на состанокот во Ватикан за употребата на моќ во демократските општества, рече дека демократиите остануваат здрави само кога се вкоренети во моралните вредности.
„Без таа вредносна основа, (демократијата) се соочува со ризикот да стане или тиранија на мнозинството или покритие за доминацијата на економските и технолошките елити“, наведе папата Лав во писмото.
Текстот, објавен во средината на 10-дневната турнеја на папата низ четири африкански земји, не ги спомена конкретно САД или која било друга демократска земја.
Трамп доцна во неделата остро го критикуваше папата, нарекувајќи го „ужасен“ бидејќи понтифот во последните недели се појави како критичар на војната меѓу САД и Израел против Иран.
Папата Лав вчера за Ројтерс изјави дека има намера да продолжи да ја критикува војната и покрај коментарите на Трамп.
Папата во денешното писмо рече дека Католичката црква учи дека моќта не треба да се смета за цел сама по себе, „туку како средство насочено кон општото добро“.
„Ова имплицира дека легитимитетот на власта не зависи од акумулацијата на економска или технолошка моќ, туку од мудроста и доблеста со кои се користи“, рече Лав.
Папата, исто така, ги повика лидерите на демократските општества да се спротивстават на секој обид за зголемување на нивната моќ.
„Умереноста се покажува како клуч за легитимно користење на власта бидејќи вистинската умереност го ограничува прекумерното самовозвишување и делува како заштита од злоупотреба на моќта“, рече тој.
МИА
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
