-->
-->
Македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска
-->

Макеоднски државјанин најверојатно загинал во тешка сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила во Хрватска во близина на Слвонски Брод. Според информациите кои ги пренесоа локалните медиуми, камионот кој тој го управувал загубил контрола, ја пробил заштината ограда и удрил во далновод по што се запалил.
Според се уште неофицијалните информации, возачот за кој локалните медиуми пишуваат дека е повозрасен македонски државјанин останал заробен во запалениот камион и починал.
Хрватската полиција официјално потврди дека едно лице загинало и дека на местото биле пронајдени регистарски таблички со македонски ознаки, но идентитетот на загинатиот возач сè уште се утврдува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска најави лиценцирање на училишните психолози, Ѓорѓиевски ќе разговара со директорите за забрана на мобилни телефони на настава
-

Малолетник нападнат во трговски центар во Скопје од газда на угостителски објект
-

Полицијата пронајде и одзеде 10 килограми риба од жител на Криволак
-

Над 1,2 милиони патници на Скопскиот и на Охридскиот аеродром во првите четири месеци, рекорден раст од 32,4%
-

Дизелот поевтинува за четири денари
-

Обвинителството бара преиспитување на ослободителната пресуда за таткото на Вања пред Апелација
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии
-

УХМР: Попладне пороен дожд, грмежи и локално невреме
