Најмалку 12 загинати и над 200 повредени во силниот земјотрес на Филипините

Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во силниот земјотрес што денеска ги погоди Филипините,соопштија локалните власти.
Поголемиот дел од жртвите биле извлечени од урнати згради.
Претходно беше соопштено дека во земјотресот со магнитуда од 7,8 степени, кој се случи во близина на јужниот филипински остров Минданао, загинале осум лица и била предизвикана значителна материјална штета. Потресот се случил на длабочина од 33 километри под морското дно.
По земјотресот беше издадено предупредување за цунами во Индонезија и во Јапонија. Властите во двете земји наредија делумна евакуација на населението од крајбрежните подрачја.
На крајот беа регистрирани цунами-бранови со височина до еден метар.
Предупредувањето за цунами во Индонезија веќе е укинато.
До јужниот брег на Јапонија стигнале плимни бранови високи до 20 сантиметри, соопштија локалните власти.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека опасноста од големи плимни бранови во регионот во голема мера поминала.
Филипините се наоѓаат во таканаречениот Пацифички Огнен Прстен, кој е сеизмички најактивниот регион на Земјата. Во земјата често се случуваат земјотреси, од кои дел имаат и смртоносни последици.
Покрај тоа, Филипините секоја година се погодени од околу дваесет тајфуни и тропски бури.
МИА
Ново на Сител
-

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД
-

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ
-

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами
-

Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?
-

Откажани преговорите меѓу САД и Иран во Швајцарија
-

Јавна расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри
-

ЕУ едногласно ја потврди поддршката за Украина и ги продолжи санкциите против Русија
-

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија
