СП 2026: Американски министер: Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја

„Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја“, изјави денеска американскиот министер за внатрешна безбедност Марквејн Мулин, откако иранската репрезентација го заврши настапот на Светското првенство во групната фаза.
Иран беше веројатно најнесреќниот тим во групната фаза на Светското првенство. Во својата Група Г, ремизираше три пати, а во рангирањето на најдобрите третопласирани тимови, поради послаба гол-разлика не се пласираше во шеснаесетфиналето.
Иранците зависеа од исходот на натпреварот меѓу Алжир и Австрија и чекаа кој било од двата тима да загуби. Алжир поведе во тој натпревар во 93. минута со 3-2, но Австријците израмнија во 96. минута, што го означи крајот на настапот на Иран.
Претходно, Иран можеше да се пласира во нокаут фазата доколку го победеше Египет во третото коло, но одигра 1-1, во натпревар во кој на Иранците им беше поништен гол во судиското продолжение поради офсајд.
„Бев многу среќен кога можев да ги откажам нивните визи и да им кажам да не се враќаат. Сето тоа ме натера да пеам и танцувам“, рече Мулин.
Иранските играчи имаа нерамноправен третман за време на Светското првенство, откако нивниот камп беше во мексиканскиот град Тихуана и се соочуваа со постојани временски ограничувања за нивниот престој во САД, пред и по одигрување на натпреварите.
„Таму во Мексико сигурно им било поудобно“, додаде Мулин.
МИА
Ново на Сител
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
