Трамп лани пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестиции на семејството

Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата година пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестициите на неговото семејство, што покажува дека сега поголемиот дел од својот приход го остварува од дигиталниот имот што имал корист од неговите политики, објавуваат британските медиуми.
Финансиските извештаи за 2025 година поднесени до американската Канцеларија за владина етика откриваат дека неговите компании добиле речиси 800 милиони долари од „World Liberty Financial“, крипто проектот што го започнал со своите синови. Тој приход, кој претседателот го дели со членовите на семејството, вклучувал повеќе од 520 милиони долари од продажбата на „крипто-токени“ и повеќе од 250 милиони долари од продажбата на удел во „World Liberty“.
Трамп, исто така, пријавил дополнителни 635 милиони долари од продажбата на неговите „мем“ монети $TRUMP.
Криптовалутите, истакнуваат британските меидуми, го трансформирале богатството на Трамп. Во извештај од пред една година, на пример, беше објавено дека продажбата на токени на „World Liberty“ е во вредност од 57,35 милиони долари, што во годинашната пријава е деветкратно зголемено.
Патем, агенцијата неодамна процени дека семејството Трамп заработило најмалку 2,3 милијарди долари од проекти поврзани со криптовалути откако Трамп се врати во Белата куќа во 2025 година.
Американскиот претседател, исто така, објави повеќе од 80 милиони долари приход од спогодби со разни медиумски компании и 52 милиони долари приход од неговата компанија што го лиценцираше неговото име на странски инвеститори во недвижности, главно за зделки со партнери од Блискиот Исток.
Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, негираше каков било конфликт на интереси меѓу Трамп и неговото семејство.
„Претседателот Трамп ги направи САД горда светска крипто престолнина преку своите извршни дејствија. Сите потези од него и администрацијата се направени во најдобар интерес на американскиот народ – и сите таканаречени новинари кои тврдат поинаку го рециклираат истиот, уморен, лажен наратив што демократите и традиционалните медиуми го туркаат веќе една деценија“, рече Кели.
Патем, приходот на Трамп доаѓа и од неговите традиционални бизниси – особено голф терени и одморалишта, од кои минатата година заработи повеќе од 500 милиони долари.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
