Шести Филозофски филмски фестивал

Годинашното шесто издание на Филозофскиот филмски фестивал ќе понуди три значајни филмски достигнувања проследени со излагања на тројца еминентни познавачи на филозофијата и филмот, но и богата придружна програма.
Главната програма ќе се одржи од 7-9 април во просториите на Кинотека на Македонија. Фестивалот ќе биде отворен на 7-ми април во 19:00 часот со прикажувањето на филмот „Еден маж и една жена“ на францускиот режисер Клод Лелуш, придружено со предавањето на проф д-р Денко Скаловски со наслов „Едноставно: еден маж и една жена“.
Вториот ден на фестивалот, во истиот термин ќе биде прикажан турскиот филм „Касаба“ на режисерот Нури Билге Џејлан, а излагање ќе има д-р Дејан Здравков на тема „Чехов во Анадолија – изградба на една поетска фабула“.
Фестивалот ќе финишира на 9-ти април, со проекција на култниот филм „12 гневни луѓе“ на американскиот режисер Сидни Ламет, по кој на тема „Правдата, казната и гневот: како се одлучува за животот и смртта?“ ќе беседи проф. д-р Ана Димишковска. По секое од предавањата на фестивалот ќе следи отворена дискусија на предавачот со публиката.
- Со вака поставената програма ќе се обидеме да го искористиме потенцијалот на седмата уметност за доближување на автентичните филозофски идеи до публиката и за поттикнување на слободната и креативна критичка мисла, како и за поттикнување на потребата од нејзино споделување, велат организаторите на фестивалот.
Во делот на придружната програма на 6-ти април свечено ќе бидат доделени наградите за најдобар средношколски филозофски есеј на тема „Големиот диктатор: Слободниот човек во неслободното општество“, инспириран од неодамнешната проекција на Чаплиновото ремек-дело „Големиот диктатор“, како и наградите за најдобар едноминутен студентски филм на тема „Слобода“, резултат на претходно организираната студентска работилница наречена „Од идеја до премиера“. Доделувањето на наградите и проекцијата на најдобрите филмови ќе се одржи во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје во 18:00 часот.
Во рамки на т.н. „ФФФ караван“, Фестивалот ќе гостува во Прилеп со партнерски настан од едукативен карактер со македонскиот филозофски портал „Акиндин“, потоа со дебатно кино во Битола во соработка со „Контра кадар“ и едукативен настан во сорабoтка со МСУ „Г.Р. Державин“ во Свети Николе.
Ново на Сител
-

Двајца мажи од струшко нелегално копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга
-

Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомври
-

Водата во Скопје е безбедна и со добар квалитет
-

Отворена веб апликација преку која странските возачи можат да ги проверуваат и плаќаат казните од „Безбеден град“
-

Научници: Пожарите во Европа ќе се зголемат за 39% дури и во најдоброто климатско сценарио
-

44-годишен затвореник преку телефон и се заканил на сопругата дека ќе ја убие кога ќе излезе од затвор
-

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар - водата е чиста и безбедна за пиење
-

АХВ за овчата сипаница: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Република Турција
