Балкан
16. July 2026 - 12:46

Внимавајте на грчките плажи: 250 евра казна ако немате спасувачки елек на SUP даска

На островот Лимнос во Грција, туристи добиле казна од 250 евра откако биле затекнати како користат SUP-даска без задолжителен спасувачки елек.

Тие изјавиле дека не биле запознаени со правилото и дека никој претходно не ги информирал дека носењето елек е обврска. Сепак, според важечките грчки прописи, секој што користи SUP-даска мора да носи спасувачки елек.

Покрај елекот, правилата предвидуваат и други ограничувања:

  • SUP-даска не смеат да користат лица помлади од 14 години, ниту лица кои не знаат да пливаат;
  • пловењето е дозволено само преку ден;
  • не смее да се оддалечувате повеќе од 500 метри од брегот;
  • користењето е дозволено само при поволни временски услови;
  • на стандардна SUP-даска е дозволено да се вози само едно лице;
  • корисниците се должни да не ги загрозуваат капачите и останатите лица во водата.