Јолевски: Границата заштитена, состојбата се следи постојано

Припадниците на АРМ кои ја обезбедуваат нашата јужна граница со Грција се распоредени на најкритичните места долж границата од Моин до Николиќ. Војската функционира како што треба, границата е добро обележана и заштитена, изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски при денешната посета на припадниците на АРМ на граничниот камен 59 кај Гевгелија.
Состојбата, додаде, сега е помирна, но ние и понатаму постојано ја следиме за да можеме соодветно да се поставиме и да реагираме во извршувањето на обврските.
Продолжувањето на кризната состојба од страна на Парламентот до крајот на оваа година, како што истакна Јолевски, според груба проценка направена во генералштабот на АРМ ќе чини дополнителни средства, односно за ангажманот на војниците на границата во овој обем до крајот на годината ќе требаат дополнителни осум милиони евра.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски го потврди своето присуство на состанокот во Виена со колегите од земјите на централна Европа и заподнобалканската рута од кој очекува да се постигне договор со колегите за идните чекори во управувањето со бегалската криза и начинот на помагање.
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
