АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата

Кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и други оператори со храна во Гостиварско ја почитуваат забраната за употреба на водата, покажаа вонредните надзори на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) спроведени во вторникот.
Како што информира АХВ, инспекторите извршиле 70 вонредни надзори кои беа опфатени кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук, промет и други оператори со храна. Акцент при контролите беше ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем. Кај операторите не се утврдени отстапки во овој дел - за послужување и за миење на садовите, работните површини и опремата, забраната се почитувала и се користела пакувана вода и безбедна вода во спроведувањето на работните процеси. За послужување на гостите во угостителските објекти, утврдено е дека се употребуваат пластични и хартиени чаши и прибор.
Како што информира АХВ, во однос на утврдените недоследности – неспроведени мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација (5 оператори), како и неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените кај 18 оператори, затекнати се и 11 правни лица кои не се регистрирани како оператори со храна во АХВ, за што покрај парична казна, им е изречена и времена забрана за вршење на дејноста до регистрирање.
Кај двајца оператори е утврдено дека пуштале во промет небезбедна храна во количина од 18 килограми (виршли, кисело млеко, јогурт, слајс салами, путер) кои се нештетно уништени.
Според АХВ, за констатираните недоследности, покрај наложеното спроведување задолжителни здравствени прегледи за вработените кај операторите со храна, забрани за вршење дејност (12), опомена и наредби за отстранување на недоследностите со контролите, изречени се и 30 парични казни во вкупна висина од 7.750 евра во денарска противвредност.
-За брзо надминување на состојбата со водата за пиење во овој регион и намалување на бројот заболени лица, апелираме до операторите и граѓаните да се почитува забраната за употреба на водата од градскиот водоводен систем, а секоја недоследност и непочитување на донесената забрана може да ја пријават лично во АХВ или во нејзините подрачни единици, електронски на info@fva.gov.mk, како и на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22, наведува Агенција за храна и ветеринарство.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
