Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање

Во Гостивар започна хиперхлорирање на водата и испирање на примарната водоводна мрежа, како дел од мерките за справување со епидемијата поради загадувањето на водоводот, информираш министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски по состанокот на Централниот кризен штаб што се одржа во Гостивар.
Тој повтори дека новите испитувања на земените мостри потврдиле присуство на штетни материи и загадување, што довело до здравствени проблеми кај неколку илјади гостиварци.
-Преземени се технички чекори за чистење и испирање. Денес се изврши чистење на каптажата (изворот) и започна испирање на примарната мрежа. Поставен е систем за дополнително хлорирање (хиперхлорирање) на водата на самиот извор (со вредност 0,8), што е во рамки на законски дозволениот максимум и нема негативно да влијае врз здравјето на луѓето, рече Тошковски.
Тошковски во изјавата по состанокот на кризниот штаб посочи дека во поглед на обезбедување на вода за граѓаните за техничка вода, досега се поставени пунктови на 11 локации, а до крајот на денот ќе има вкупно 13 локации каде што граѓаните ќе можат да земат техничка вода. Во текот на денешниот ден се доставени повеќе од 100.000 литри пакувана вода за пиење (како и вчера) и оцени дека нема недостиг од вода за пиење. Оваа поддршка ќе продолжи и во наредните денови.
Во поглед на очекувањата за нормализирање на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, Тошковски кажа дека според мерењата на резидуалниот хлор, се очекува до крајот на оваа недела или почетокот на следната да има сигурна техничка вода за употреба од чешмите.
- Доколку во континуитет добиеме последователни чисти резултати, до крајот на следната недела се очекува целосно нормализирање и враќање на безбедна вода за пиење, рече министерот Тошковски.
Тој напомена дека кризниот штаб работи на подобрување на состојбата и како што напомена, долгорочно решение.
- Целта не е само моментално надминување на кризата, туку и воспоставување на стабилен и современ систем за трајна контрола на квалитетот на водата во Општина Гостивар, користејќи ги искуствата и техничките решенија од Скопје.
Со министерот за внатрешни работи како раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски, во Гостивар беа и неколку претставници на владата, директорот на ДЗС и раководител на Главен штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов и градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема информации за закани кон Македонија поради поддршката на американските операции во Заливот
-

Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и Хутите како негови сојузници
-

Кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со ветување за странски пасош | ФОТО
-

Собранието избира министер без ресор, Мицкоски порача дека институциите се отворени за сите со знаење и подготвеност за одговорност
-

УХМР: За викендот стабилно време, во понеделник повторно дожд
-

Муцунски: Охрид нема да биде ставен на листата на културни наследства во опасност, ова е значаен дипломатски успех на државата
-

Пијан и без возачка дозвола излетал од пат кај Кочани, едно лице тешко повредено
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода, прифатена гаранција од над 1,15 милион евра
