-->
-->
Јапонска донација за подобри услови во транзитниот центар Табановце
-->

Сто контејнери, возило за собирање смет, кое ќе пристигне деновиве, десет корпи за смет, донираше јапонската влада преку УНДП за потребите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во општина Куманово.
Половина од помошта е наменета за транзиниот центар Tабановце, каде што се сместени 1.038 мигранти и бегалци. Транзитниот центар денеска го посетија јапонскиот амбасадор, Макото Такетоши, претставникот на УНДП во Македонија Луиза Винтон и градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.
- Согледувајќи ги објективните потешкотии на Македонија во однос со справувањето со бегалската криза, јапонската Влада и УНДП задолжен за хуманиот аспект на кризата добивме реална помош. Од мое име и од име на граѓаните на општина Куманово и вработените во „Чистота и Зеленило“ изразувам голема благодарсност за поддршката, изјави Дамјановски.
Значењето на помошта го истакна и претставникот на УНДП Луиза Винто, изразувајќи благодарност до јапонската Влада.
- Кога ќе се соберат целокупниот приодонес на јапонската Влада на агенциите на ОН во одговорот на бегласката криза износот достигнува повеќе од 3,6 милиони долари. Зборувајќи од аспект на УНДП, навистина ми е мило што јапонската Влада согледа дека предизивиците со кои што се соочуваме овде имаат хуманитарен аспект, но имаат и развоен аспект. Можам да кажам дека УНДП од јапонската Влада доби 2 милиони 225 илјади долари токму да се осврнеме на овие развојни потреби, главно на заедниците домаќини во оваа криза, Куманово, Гевгелија и поконкретно Табановце, изјави Винтон.
Јапонскиот амбасадор, Макото Такетоши, кој претходно го посети Транзиниот центар Табановце ,од Куманово упати порака за солидарност во рамките на меѓународната заедница, бидејќи треба да им се помогне на луѓето кои страдаат во оваа ситуација, нагласувајќи дека центарот во моментов не е транзитен, бидејќи таму веќе 45 дена престојува поголема група на луѓе .
- Сметам дека е време да најдеме соодветно решение за нивните проблеми. Благодарност до градоначалникот како заедница домаќин, бидејќи знам дека тие се соочени со голем број потешкотии како од хуманитарен така и од развоен карактер кои се последица од оваа бегласка криза, изјави амбасадорот Такетоши.
Она што Јапонија може да го направи, нагласи амбасадорот, е ограничено, меѓутоа се надевам дека оваа донација ќе помогне на градот.
Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Петрушевски, најави дека дел од контејнерите, утре ќе бидат транспортирани во ТЦ Табановце, а дел ќе се употребат во централното градско подрачје.В озилото е неопходно, посочи, бидејќи три пати дневно се собира смет од центарот во Табановце.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојаноски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
-

14-годишник возел мотор во спротивна насока, кога ја видел полицијата го оставил и избегал
-

Ја однел сопругата во шума, ја врзал за дрво и ја тепал со тврд предмет, уапсен 27-годишен скопјанец
-

Од 2012 до 2025 не е извршена инспекциска контрола во „Пулс“ од инспектор за противпожарна заштита
-

Српски медиуми: Вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4 отсто е индикатор дека состојбата е стабилизирана
