Иран повтори дека планира да наплаќа за минување низ Ормуската Теснина

Иран има намера да им наплаќа такси на комерцијалните бродови за минување низ Ормуската Теснина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Техеран.
Иранските медиуми го цитираа портпаролот Есмаил Багеи кој изјави дека Иран во соработка со Оман работи на „механизми за следење на безбедноста, заштита на животната средина и борба против криминалот на море“.
Таксите и надоместоците ќе се наплаќаат за поморските услуги што им се обезбедуваат на бродовите, објасни тој.
Спорот околу транзитните права во протокот, кој е клучна меѓународна рута за нафта, гас и вештачки ѓубрива, се смета за еден од главните поттикнувачи на неодамнешната ескалација на воениот конфликт меѓу Вашингтон и Техеран, пренесе ДПА.
Пред Соединетите Американски Држави и Израел да ја почнат војната против Иран на 28 февруари, пловидбата низ протокот се одвиваше во голема мера непречено, без патарини или такси за транзит.
Ормуската Теснина на својата најтесна точка мери само околу 39 километри.
Бидејќи Иран и Оман полагаат максимално право на 12 наутички милји (22,2 километри) кои се дозволени според Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето (UNCLOS) како нивни територијални води, во протокот не постојат меѓународни води.
Конвенцијата UNCLOS гарантира право на транзитен премин и забранува блокада на комерцијални бродови. Иран не го прифаќа овој правен став.
Целта на САД е да го вратат транзитот на нафта и гас низ Ормуската Теснина на нивото од пред војната, изјави вчера потпретседателот Џеј Ди Венс.
Багеи одговори и на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп од вчера, пренесено од Аксиос, дека Вашингтон и Техеран се вовлечени во „шаховска партија“.
-Независно дали зад сцената или пред рефлекторите, Иранците се докажаа како професионални шахисти, изјави портпаролот на иранското МНР.
МИА
Ново на Сител
-

Автомобил излетал од патот во Ресен - две жени се тешко повредени
-

Негователка во градинка во Хром физички нападнала дете
-

Вештачење: Реконструкцијата во „Пулс“ била изведена нелегално, објектот според површината никогаш не можел да биде кабаре
-

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола а три изгаснати
-

Епидемиолошкиот извештај за Гостивар ќе биде објавен на 20 август
-

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас
-

Поскапуваат горивата
-

Борците против улица за Фадил Сулејмани: „Ги сметаше Македонците за Бугари“
