Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин

Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин во градот А Побра до Карамињал, на брегот на северната провинција Галиција, а меѓу тројцата уапсени има и еден хрватски државјанин, објави денеска локалниот весник „Ла Воз де Галисија“.
Кокаинот бил пронајден во објект на имот недалеку од морето, каде што, според досегашните резултати од истрагата, бил привремено складиран.
Галицискиот брег, познат по своите карпести заливи, е едно од важните подрачја за влез на кокаин во Шпанија преку Атлантскиот Океан од Јужна Америка.
Во последните години, истражителите забележале соработка меѓу локалните криминални групи и лица од земјите на поранешна Југославија, вклучувајќи ги Црна Гора, Србија и Хрватска, па сега се обидуваат да утврдат дали некоја од групите од тој регион била вклучена во случајот.
Во саботата, полицијата со часови го пребарувала имотот, а за време на операцијата извршила и проверка на неколку пловни објекти.
Меѓу уапсените е и Р.Р.Г., член на втората генерација на криминалниот клан „Ос Фанчос“ кој со децении е присутен во областа на А Побра, објави весникот.
За време на претресот, полицијата извадила бали со кокаин од објектот. Проценките на истражителите се дека станува збор за околу 1.500 килограми.
МИА
Ново на Сител
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
