Македонија
1. April 2016 - 14:12

„Априлијада“ во Велес

По повод Денот на шегата-1 Април денеска во Младинскиот парк во Велес се одржа традиционалната „Априлијада“.
 
Во организација на општина Велес, децата од градинките и од основните училиштата продефилираа во шарени  костими и маски со ликови од бајките и цртаните филмови, кои ги изработија во соработка со своите наставници и родители.
 
Дуњамин Мехмед од службата за информирање на општина Велес изјави дека целта на оваа манифестација  и годинава  беше децата да бидат креативни во изработката на костими и маски и  да се дружат со останатите свои врсници од градот.
 
Македонка Виларова, општински инспектор за образование оцени дека традиционалната „Априлијада“  е многу успешна и весела манифестација која со нетрпение ја очекуваат најмладите од градот.
 
- Им благодарам на воспитувачите, наставниците и родителите кои се вклучија во изработката на интересни и креативни костими и маски и така дадоа свој придонес за одржување на денешната весела и шарена манифестација,  посветена на Денот на шегата, потенцира Виларова.