Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека не треба да има еуфорија околу изрекувањето на првостепените пресуди против поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
– Тоа што се случи не треба да го прифаќаме со никаква еуфорија или на кој било начин, туку трпеливо да чекаме и да ги разбереме пораките што пристигнаа денеска, наведе, Вучиќ.
Според него, Специјалниот суд за Косово во Хаг не утврдил сомневања за широко распространет или систематски напад врз цивилното население, бидејќи не сакале да го поткопаат кредибилитетот на ОВК.
– Ние не бевме доволно подготвени да се соочиме и со нашите грешки и со злосторствата извршени во наше име, но верувам дека во иднина решението сигурно лежи во дијалогот и поголемото разбирање, посочи Вучиќ, додавајќи дека зачувувањето на мирот и стабилноста е клучно за Србија.
Специјалниот суд за Косово денеска првостепено ги осуди четворицата поранешни лидери на ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи – за убиство на вкупно 96 лица, сметани за политички противници и соработници на српските безбедносни сили, како и за произволно притворање на вкупно 385 лица, тортура на уште 303 и нечовечки третман на уште 50. Во согласност со нивната индивидуална одговорност за извршувањето и помагањето и поттикнувањето на овие злосторства, што се случија за време на Косовската војна (1998-1999), Тачи и Красниќи се осудени на по 25 години затвор, Весели на 18 години затвор, а Селими на 13 години затвор.
МИА
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
