680 килограми стебла канабис одземени од нелегална плантажа во струмичко

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.М.(34) и А.Т.Г.(30), двајцата од општина Ново Село, поради постоење на основи н сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик.
По претходен меѓусебен договор, во сокриен дел од парцела на место викано „Матник“ во атар на село Секирник, струмичко, пријавените ја обработиле почвата, посадиле и одгледувале стебла од растението канабис. Врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица презеле повеќе службени дејствија и посебни истражни мерки со техничка поддршка од полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток, при што биле обезбедени докази за поврзаност на пријавените во одгледувањето на засадените стебла канабис“, по што биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица. Во службен разговор тие признале дека, откако обезбедиле семе од растението канабис, ја обработиле почвата и направиле нелегална „плантажа“ на која во мај 2026 година ги засадиле семињата и ги одгледувале растенијата со цел производство на марихуана.
Од пријавените се одземени повеќе стебла со различна висина и вкупна тежина од околу 680 килограми.
По поднесување на кривичната пријава, З.М. и А.Т.Г. биле изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Ново на Сител
-

Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
-

Подвиг за восхит: 11-годишниот Давид и 12-годишната Анастасија освоија три алпски врва над 4.000 метри
-

Oсум тони марихуана недостигаат во фирма за одгледување медицински канабис во струмичко
-

Марихуана пронајдена кај две државјанки на Перу
-

135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол запленети на зелениот пазар во Чаир
-

Трамп изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу Путин и Зеленски
-

Шкотски музеи ги отстрануваат мумиите бидејќи „покојните не дале согласност“ да бидат изложени
-

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - продолжува најголемата еко-акција досега
