Нетпрес: Полноќни „тајни“ средби меѓу Заев и Верушевски?!
Читател до редакцијата на Нетпрес испратил фотографии и видео снимка, на кои, според неговите информации се гледа како автомобилот марка „ауди“ со кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев се превезува многу често во доцните ноќни часови стои паркиран зад зградата во која живее екс директорот на УБК, Зоран Верушевски.
Имено, вчера медиумите објавија информација дека изминативе неколку денови имало блиска средба и меѓу Заев и Бекир Асани, на која се разговарало за објавување на нови снимки поврзани со функционери на ДУИ.
Порталите пишуваа дека Асани на средбата дошол со уште двајца придружници во чие присуство му ги изнел на Зоран Заев аргументите зошто повеќе не смее да излезат снимки од функционери на ДУИ во јавноста.
На Заев му било посочено дека ќе се соочи со сериозни последици доколку и понатаму продолжат да се објавуваат незаконски прислушуваните материјали со кои што располагаше тој, но и лица блиски до СДСМ.
По непријатната посета која што ја имал Зоран Заев, сопартијците коментирале дека изгледал отсутно и збунето на состаноците. Повикал да се засили обезбедувањето и почнал да ги бара сите кои биле во контакт со незаконски прислушуваните материјали, пишува Нетпрес.
Дали средбата и разговорот со Асани е причина за зачестените средби меѓу двајцата осомничени во случајот „Пуч“, Заев и Верушевски ќе покаже времето.
Она што останува нејасно е каде отидоа речиси половина милион фајлови со прислушкувани разговори, со оглед на контрадикторноста во изјавите на Заев и Специјалното јавно обвинителство, пишува порталот.
Имено, Зоран Заев изјави дека во Специјалното јавно обвинителство предал над милион разговори, за потоа СЈО да излезе со информација дека поседуваат околу 600.000.
Овие „тајни“ средби се само уште еден доказ за очајот, хаосот и паниката кои владеат во СДСМ.
Во недостиг на програма, идеи и проекти, Заев и неговите најблиски соработници повторно подготвуваат кампања базирана на објавување „бомби“, што е уште еден показател за непоузданата желба на СДСМ и нивниот лидер да дојдат на власт по секоја цена по пат на уцени и насилни сценарија, а не преку фер и демократски избори.
Ново на Сител
-
БДП со стапка на раст од 3,2 проценти во четвртиот квартал лани
-
Кривична пријава за фалсификување сертификат за познавање странски јазик
-
106 санкции за неправилно престигнување во текот на вчерашниот ден
-
Лихвари за 3 години изнудиле 9.715.000 денари од лице во Охрид
-
Тепачка, димни бомби, Брза помош - Хаос во српското Собрание | ВИДЕО
-
МАЕИ дел од изборната коалиција предводена од ДП на Бериша
-
Кривична за директор на основно училиште во Делчево
-
48-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во близина на „Негорски бањи“