Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов, Кривичен суд ќе одлучува утре

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека доцна попладнево од Јавното обвинителство е доставен предлог за определување нови мерки за обезбедување присуство против првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов, кој веќе се наоѓа во притвор во предметот. За предлогот на Обвинителството и евентуалните нови мерки за обезбедување присуство на Јованов, Судот најави дека ќе се произнесе во текот на утрешниот ден.
- Доцна попладнево до Судот од Обвинителството е доставен предлог за определување нови мерки за обезбедување присуство против Дејан Јованов, кој веќе е во притвор за предметот поврзан со пожарот во Кочани. По истиот ќе се постапува во текот на утрешниот ден, за што ќе бидете дополнително известени - соопштија од Кривичниот суд.
На Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“, притворот му истекува на 3 октомври, согласно законскиот максимум од една година од оценката на обвинението.
Одбраната на Јованов уште во средината на септември најави дека ќе понуди гаранција во имот за определување мерки на претпазливост, имајќи предвид дека едногодишниот притвор истекува по сила на закон. Адвокатката Ивана Коцевска тогаш изјави дека одбраната ќе поднесе предлог за гаранција со цел да се обезбеди присуството на обвинетиот во текот на судската постапка.
Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, е во тек и се наоѓа во доказна постапка.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
-

Американец ја тужи АИ: Чет-ГПТ и помагал на мојата сопруга да испланира како да ме убие
-

Релативно топло со повремен локален дожд до сабота, од недела заладување и стабилизирање на времето
-

Трамп призна дека претерал со депортациите и дека тоа му наштетило на изборите
