Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите коментари дека Иран би можел да уништи градови во Калифорнија биле погрешно разбрани и дека, всушност, зборувал за потребата Американците да ги поднесат повисоките цени на горивата.
Трамп ги даде изјавите во понеделникот на политички митинг во Небраска, кога зборуваше за економските жртви со кои се соочуваат Американците поради војната со Иран.
„Запомнете, во врска со војната, ова е само вештачко зголемување, цените се малку повисоки, но тоа е мала цена што треба да се плати“, рече тој тогаш.
„Тоа е мала цена за зачувување на безбедноста на светот и на нашата земја. Тие би можеле да уништат некој град. Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего. Тоа е многу мала цена и сето ова наскоро ќе заврши“, додаде Трамп.
Неговите изјави веднаш наидоа на критики од повеќе политичари во Калифорнија и во други делови на САД.
„Зборував за тоа дека привременото зголемување на цената на бензинот е мала цена што вреди да се плати за да не се здобие Иран со нуклеарно оружје“, напиша Трамп синоќа на својата социјална мрежа „Трут Соушл“.
„Ако сакате да видите колкава би била големата цена – можете ли да замислите што би се случило ако го бомбардираат Сан Диего и/или Лос Анџелес?“, продолжи тој, додавајќи дека ги сака двата града.
Трамп и претходно ги минимизираше загриженостите за трошоците за живот предизвикани од конфликтот со Иран.
МИА
Ново на Сител
-

Украинските сили извршија напади со дронови врз Санкт Петербург и Ленинградската област
-

Шведска и Франција на врвот по силувања во Европа, Македонија побезбедна за жените
-

Брвеница избира градоначалник
-

Времето сончево со мала до умерена локална облачност
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
