Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека резултатите од последната анкета, според која тој и ВМРО-ДПМНЕ имаат значителна предност пред опозицијата, претставуваат потврда дека граѓаните ги препознаваат политиките и перформансите на опозициските партии.
Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во завршните работи на музејските објекти на Скопското Кале, Мицкоски оцени дека анкетните резултати се лоша вест за неговите политички противници.
-Тоа е лоша вест за оние кои што одлучија да водат политика со лаги, со клевети, со измислици, со навреди и така натаму и така и ќе биде - рече премиерот.
Мицкоски посочи дека „граѓаните се свесни за работата и однесувањето на опозицијата“, поради што, рече, таа продолжува да ја губи довербата.
-Тие ќе продолжат да тонат затоа што граѓаните се свесни за перформансите на денешната наша опозиција - истакна премиерот.
Мицкоски додаде дека опозицијата не нуди конкретни решенија и политики, туку се фокусира на критики и обвинувања кон власта.
-Оние кои што имаат седум години можност, а ја ограбија и ја уништија државата, сега единственото нешто што им останува е да измислуваат, да клеветат, да лажат и така натаму и тие ќе продолжат да тонат се до конечно дефакторизирање од политичката сцена - нагласи премиерот Мицкоски.
Пследната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ во периодот од 11 до 27 септември на примерок од 1.200 испитаници, покажува големи разлики во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и на нивните лидери Христијан Мицкоски и Венко Филипче.
На прашањето „за која политичка партија ќе гласате на наредните избори?“, 19,3 отсто одговориле дека ќе гласат за ВМРО-ДПМНЕ, 5,6 отсто за СДСМ, а рејтинзите на ДУИ и на Влен се изедначени – 4,2 отсто. 41 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да излезат да гласаат, не знаат дали ќе излезат на гласање или не сакаат да одговорат на ова прашање.
Меѓу испитаниците кои се определени за одредена политичка партија, за Левица би гласале 4 отсто од испитаниците, за ЗНАМ 1 отсто.
И кај лидерите, довербата за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски - 20,4 отсто е во голема предност пред довербата во Венко Филипче, претседателот на СДСМ - 3,8 отсто.
Според резултатите од анкетата, 44,1 отсто од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија, а 12,5 отсто не сакаат да одговорат на ова прашање.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
-

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда
-

Данас: Српски филмски здруженија ќе поднесат кривична пријава против министерот за култура Никола Селаковиќ
-

ЈП „Комунална хигиена“: Ставени во употреба новите специјални комунални возила
-

Златар од Тетово шверцувал накит вреден четири милиони денари во перница за врат на Богородица | ВИДЕО
-

Клековски го посети болнички комплекс „Мајчин дом“ - најголемата клиника по неонатологија во Бугарија
-

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“
-

Францускиот министер за внатрешни работи вети повеќе полиција на улиците низ градовите
