Андоновски од Сеул: Не смееме да дозволиме ВИ да ги дели државите на богати и сиромашни

Придобивките од вештачката интелигенција не смеат да бидат резервирани само за најразвиените земји порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, од Сеул, Јужна Кореја, каде што учествува на глобалниот состанок за вештачка интелигенција и дигитализација во организација на Светска банка.
Како што информира Андоновски, пред претставници од околу 70 држави од светот тој говорел за можностите што ги нуди вештачката интелигенција, но и за ризиците и предизвиците поврзани со нејзината примена.
-Не смее да се дозволи богатите држави, државите што се развивиени да имаат поголем пристап до просторот за вештачка интелигенција од помалите. Како држави мораме да вложиме во тоа да го направиме секој граѓанин, секој мал и среден бизнис има еднаков пристап до алатки базирани на вештачка интелигенција, во спротивно можеме да ризикуваме дека јазот помеѓу развиените и помалку развиените држави ќе се зголемува наместо да се намалува - истакна Андоновски.
Во рамки на посетата на Сеул, Андоновски остварил средби со потпретседателот на Светска банка задолжен за вештачка интелигенција и дигитализација, како и со претставници од Министерството за економија и финансии на Република Кореја.
Посетата, како што посочи министерот, ќе заврши со состаноци со претставници на Светска банка посветени на проектите од областа на дигитализацијата во Северна Македонија.
МИА
Ново на Сител
-

Зверев за прв пат светски рекет број 1
-

Гутереш предупреди дека трката меѓу САД и Кина во воената вештачка интелигенција води кон глобална катастрофа
-

Сиљановска Давкова и честиташе на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
-

Хакирани апликациите за итни предупредувања во Украина и Русија
-

Антонели нов светски шампион во Формула 1
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
