190.000 евра месечно највисоката плата во Македонија – над 2,2 милиони евра годишно
Највисоката плата исплатена во Македонија во 2025 година изнесувала речиси 190.000 евра месечно во просек, во бруто-износ, покажуваат податоците од годишниот извештај на Управата за јавни приходи (УЈП).
Станува збор за плата во секторот за вадење камен јаглен, која на годишно ниво надминала 2,2 милиони евра. Во споредба со 2024 година, највисоката исплатена годишна плата е зголемена за околу два проценти.
Според податоците на УЈП, сите пет највисоки годишни плати во земјава надминуваат два милиони евра во бруто-износ, а сите се исплатени во Скопје.
Освен во секторот за вадење јаглен, останатите највисоки плати се исплатени во дејностите поврзани со аптеки, трговија со тутун, храна и пијалаци, болници и трговија со фармацевтски производи.
Милионски износи се регистрирани и кај дополнителните приходи надвор од плата. Највисок дополнителен приход пријавил жител на Скопје, кој во текот на минатата година остварил нешто помалку од два милиони евра бруто. Меѓу петте највисоки дополнителни приходи, уште три надминуваат еден милион евра, додека петтиот изнесува 42 милиони денари.
Кога станува збор за дивидендите, највисок приход пријавил жител на Гевгелија, кој во 2025 година заработил над четири милиони евра. Сличен износ од дивиденди пријавил и жител на Охрид.
Според извештајот на УЈП, за 2025 година биле изготвени вкупно 863.100 годишни даночни пријави, што е за речиси 83.000 повеќе во однос на 2024 година, односно зголемување од 10,6 проценти.
Истовремено, утврдениот бруто-приход е зголемен за 74,1 милијарди денари или 13,8 проценти, додека утврдениот данок на личен доход е повисок за 4,9 милијарди денари, односно за 13,9 проценти.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
