Хакери украле 6,3 милијарди долари од Binance – најголемиот криптограбеж во историјата
Најголемата светска берза за криптовалути, Binance, се соочи со масовен хакерски напад во кој се погодени дигитални средства во вредност од околу 6,3 милијарди долари. Инцидентот се смета за најголемиот криптограбеж во историјата, а компанијата потврди дека досега успеала да замрзне околу три милијарди долари од погодените средства.
Според првичните резултати од истрагата, напаѓачите најверојатно успеале да компромитираат лаптоп на еден од инженерите на компанијата, преку кој добиле пристап до дел од системот и извршиле неовластени трансакции за повлекување криптовалути.
Американската компанија за анализа на блокчејн-трансакции TRM Labs соопшти дека напаѓачите префрлиле околу 6,36 милијарди долари преку десет блокчејн-мрежи, при што најголемиот дел од средствата биле префрлени за само 20 минути. Според нивните анализи, зад нападот стои севернокорејската хакерска група TraderTraitor, но Binance засега официјално не ја потврди одговорноста.
По откривањето на нападот, Binance привремено ги суспендираше уплатите и повлекувањата на средства додека траат безбедносните проверки. Компанијата соопшти дека ќе ги покрие сите загуби преку сопствени средства и резервниот фонд SAFU, уверувајќи ги корисниците дека нивните средства се безбедни.
Во акцијата за блокирање на украдените криптовалути се вклучија и компаниите Tether и Circle, кои замрзнаа средства вредни повеќе од две милијарди долари.
Веста за нападот предизвика потреси на пазарот на криптовалути. Биткоинот забележа пад од околу три проценти, додека падна и вредноста на етериумот.
Binance соопшти дека соработува со надлежните институции и специјализирани компании за следење на дигиталните трансакции со цел да бидат идентификувани напаѓачите и да се повратат средствата.
Ново на Сител
-

Koшта: Проширувањето на ЕУ служи за зајакнување на Европа, како отпорна економска сила и сила за мир
-

Измамници ја користат видео играта GTA VI за да крадат пари и податоци од гејмерите
-

Побаран притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата девојка - се товари за три кривични дела
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата
-

Попладнево повторно приведен Корабоски – нови околности во случајот
-

Чеферин гостин на Омерагиќ, заедно ќе го следат дуелот Македонија – Словенија
-

МФ: Јавниот долг во 2027, во согласност со ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60%
-

Родителите со две ќерки се најсреќни, покажува научна студија на речиси 50.000 луѓе
