Хамилтон стартува од полпозицијата во Мексико Сити

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, ја обезбеди најдобрата стартна позиција за трката за Големата награда на Мексико Сити.
Хамилтон со својата 105. полпозиција во кариера, а прва зад воланот на Ферари, дојде на драматичен начин во последната квалификациска сесија, оставајќи го зад себе својот сонародник Џорџ Расел (Мерцедес) за само девет илјадити делови од секундата.
Клупскиот колега на Хамилтон, Шарл Леклер, го имаше третото најбрзо време, а до него во вториот ред од стартната линија ќе биде Макс Верстапен (Ред Бул).
Водечкиот во генералниот пласман Кими Антонели (Мерцедес), кој вечерва може да ја потврди титула светски првак, ќе стартува од третиот ред од стартната линија.
Трката на патеката „Родригез Брадерс“ ќе почне во 21 часот по средноевропско време.
Ново на Сител
-

Андоновски одржа мастерклас во Париз: Во фокусот дигиталната трансформација на јавната администрација
-

Реновираниот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен во февруари, деновиве ќе се објави конкурс за сместување
-

Србија доби нов парламентарен состав, пратениците положија заклетва
-

50-годишен маж со огнено оружје се заканувал на сопругата со која е во бракоразводна постапка
-

Татко ја нападнал својата 20-годишна ќерка
-

Хашим Тачи осуден за попречување на правдата на 17 месеци затвор
-

Ќерката на Јованов за „Пулс“: Имаше панични светла и противпожарни апарати, сите ја користеа задната врата
-

АНБ разоткри терористичка мрежа: Се подготвувал атентат во Грција по инструкции од Иран
