Зеленски изјави дека хакирањето на руската апликација за предупредување било одмазда

Хакирањето на рускиот систем за предупредување од воздушни напади од страна на Украина беше одмазда за рускиот кибер-напад врз нејзината сопствена апликација за предупредување, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Ние само одговараме на нивните напади – изјави Зеленски за американскиот радиодифузер PBS.
– Тие го нападнаа нашиот систем. Тоа беше кибер-напад – рече тој, додавајќи дека Украина природно се одбранила.
Апликациите за предупредување што ги користат двете страни во војната ги предупредуваат жителите за потенцијални воздушни напади, меѓу останатите закани.
Русија постојано врши кибер-напади врз цели што имаат за цел да им наштетат на цивилите, вклучително и врз украинските банки и пензискиот систем, рече Зеленски.
Украинската апликација за воздушна опасност беше хакирана доцна во неделата, при што корисниците добиваа лажни предупредувања на нивните паметни телефони, вклучително и известувања за наводни нуклеарни напади. Неколку часа подоцна, вчера наутро, беше хакирана и апликацијата на руската агенција за цивилна заштита, која испрати лажни предупредувања.
Украина ја обвини Русија за кибер-нападот врз нејзината апликација за предупредување.
МИА
Ново на Сител
-

Koшта: Проширувањето на ЕУ служи за зајакнување на Европа, како отпорна економска сила и сила за мир
-

Измамници ја користат видео играта GTA VI за да крадат пари и податоци од гејмерите
-

Побаран притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата девојка - се товари за три кривични дела
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата
-

Попладнево повторно приведен Корабоски – нови околности во случајот
-

Чеферин гостин на Омерагиќ, заедно ќе го следат дуелот Македонија – Словенија
-

МФ: Јавниот долг во 2027, во согласност со ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60%
-

Родителите со две ќерки се најсреќни, покажува научна студија на речиси 50.000 луѓе
