Пет милиони евра преку ИПА за консолидација на земјиштето
За консолидација на земјоделското земјиште, Македонија преку ИПА Програмата 2015 - 2017 година има на располагање пет милиони евра.
Како што рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, консолидацијата значи подобра и поефикасна обработка на земјиштето, поголем принос и поголема конкурентност. Ќе се спроведува на доброволна основа, а интересот кај земјоделците е голем.
Токму на иницијатива на земјоделците, во село Егри, Битолско, ќе се консолидираат вкупно 360 хектари - парцели во сопственост на 214 производители со што ќе се создаде комплетно нов катастарски план, додека во општина Конче се работи на окрупнување на површините со размена на приватни парцели.
- Ќе се воспостави модел што ќе ги привлече земјоделците да се вклучат во постапката за консолидација иако теренското истражување покажа дека и онака интересот е голем. Консолидираните реони планираме финансиски да ги поддржиме од Програмата за рурален развој, а конкретно во Егри треба да се изградат соодветна инфраструктура, пристапни полски патишта до новоформираните парцели и канал за одводнување, напомена Костадиновски.
За ефикасно спроведување на консолидацијата, донесени се и законски измени.
- Досегашната примена на Законот за консолидација покажа одредени технички проблеми. Целта на измените е нивно надминување и пред се создавање услови за поефикасна и потранспарентна постапка за консолидација, подвлече заменик-министерот.
Законот за консолидација беше донесен во 2013 година, а анкетирањето на заинтересираните земјоделци и вградувањето на нивните идеи, потреби и барања се спроведува од лани. Досегашните активности се поддржани со техничка и експертска помош од ФАО.
Ново на Сител
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час