Собраниската надзорна расправа за Алта банка продолжува следната недела
Комерцијална банка АД Скопје влегува во трка за купување на Алта Банка АД Битола.
Одлуката ја соопштија официјално дека ќе учествуваат на претстојната берзанска аукција за продажба на доминантниот пакет акции во Алта банка.
Се работи за 372 742 акции или 95,3 отсто од капиталот на банката.
Почетната цена изнесува 3 777денари за акција или 22,9 милиони евра за цел пакет.
Ова е втор обид на Комерцијална да ја откупи битолската банка, прв пат учествуваше во 2024г но не успеа поради недоволниот број прифатени понуди од акционерите.
Аукцијата ќе почне на 30 ноемри и ќе може да се одржат до 6 обиди за продажба.
Следната среда ќе се одржи продолжението на собраниската надзорна расправа за „Алта банка“.
Информацијата за Сител ја потврдија и пратениците.
Од СДСМ велат дека деталите ќе бидат утврдени во текот на утрешниот ден и точно ќе се знае кој се ќе биде присутен како сведок на расправата.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат конструктивно учество во надзорната и очекуваат дека во среда пратениците ќе изгласаат и заклучоци од расправата.
Како сведоци на следната надзорна расправа се очекува да бидат присутни 10тина сведоци.
Меѓу нив, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, дел од менаџерскиот тим на Алта Банка,поранешниот висок функционер на СДСМ Миле Зечевиќ, екс министерката за финансии Нина Ангеловска, бизнисменот Трифун Костовски и други сведоци.
Инаку претходно премиерот Мицкоски и гувернерот на Народната Банка Славески најавија дека Алта банка нема да оди во стечај туку ќе биде спасена преку продажба на нов сопственик на берза до почетокот на декември.
Според нивните изјави за битолската банка интерес пројавиле шест потенцијални инвеститори со што како што порачаа од власта и централната банка ќе се заштитат клиентите и доверителите и банката ќе продолжи нормално да функционира.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
