Македонија
21. November 2026 - 16:37

Обвинение за насилникот од Битола

Битолчанецот кој ја тепаше својата девојка да остане во притвор бара Обвинителството заедно со обвинението кое против него го поднесе денеска. Во него, се бара тој да одговара за телесна повреда при вршење на семејно насилство, кривично дело за кое е предвидена затворска казна до 5 години.

„Обвинетиот, на 10 ноември, во неговиот дом во Битола, телесно ја повредил неговата девојка. По вербална расправија меѓу нив, ја удирал по лицето со тупаници и шамари, па ја стегал за вратот и устата, со што и нанел површинска телесна повреда и неколку нагмечувања и крвни подливи.“ – се вели во соопштението на обвинителлството.

Битолчанецот веднаш по пријавата беше приведен во полиција од каде успеал да побегне преку прозорецот. По неколку дена сам се предаде во полиција на бегството е силен аргумент за судот да го остави во притвор додека трае судењето.

Мајката на повредената девојка вчера на протестот во Скопје побара заштита од надлежните институции коментирајќи дека во моментот кога насилникот ќе излезе од притвор, нејзината ќерка веќе нема да биде безбедна.