Македонија
23. November 2026 - 16:33

Доделени првите признанија „Монтеко вински витез“

Винаријата Монтеко за првпат го додели признанието „Монтеко вински витез“, со кое им оддава почит на личности кои придонесуваат за развојот и популаризацијата на винската култура. На свеченоста беа прогласени петмина добитници, а од винаријата најавуваат дека доделувањето ќе стане традиција и ќе се одржува секоја година.