Игра се претвори во трагедија: Девојче падна од кров на училиште
Девојче (14) од Сплит падна од кровот на основно училиште при што се здобила со тешки телесни повреди, но не е во животна опасност, јави Далмација Њуз.
Околу 21 часот 14-годишното девојче било со друштво на покривот на кој се изведуваат работи и таму некое време било поставено скеле кое им било достапно на децата.
Десетина деца се качиле горе, а кога девојчето сакало да слезе од кровот, кој инаку е железен, се лизнала поради росата и паднала од 10 метри височина. На крајот удрила во камен и се здобила со тешки повреди на главата и карлицата.
Веднаш по инцидентот таа со Брза помош е префрлена во болница каде е задржана на натамошно лекување во Одделот за детска хирургија.
Полицијата на местото на настанот направи увид.
Инаку скелето не било обезбедено, па децата имале слободен пристап не само до скелето туку и до кровот.
Ново на Сител
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената