Кривична пријава за скопјанец за производство и препродавање дрога

Секторот за внатрешни работи-Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава против И.С. (29) од Скопје поради основано сомневање дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што информира денеска МВР, на 8 овој месец на улицата „Кајларска“ од полициски службеници било извршено легитимирање и преглед на пријавениот, кој бил во друштво со уште две лица. При прегледот, И.С. доброволно предал четири зипер ќесички со непозната растителна материја.
Врз основа на судска наредба, истиот ден бил извршен претрес во домот на пријавениот. Таму се пронајдени 20-тина ќесички со непозната растителна материја, едно зипер ќесиче во кое имало осум семки од непознато растение, една зипер ќеса во која имало седум непознати таблети и една дигитална вага, сива боја со остатоци од непозната растителна материја.
Пронајдените предмети, кои се пронајдени при личниот преглед кај пријавениот, како и при претресот во неговиот дом, со потврда за привремено одземени предмети се предадени за вештачење во ОКТИВ при МВР.
Констатирано е дека растителната материја од четирите зипер пакувања е со вкупна нето маса до 3,96 грама и претставува наркотична дрога марихуана. Растителниот материјал одземен при претресот на домот е со вкупна нето маса од 114,1 грам, а на површината од дигиталната вага констатирани се траги од растението канабис и траги од кокаин. Осумте семки потекнуваат од растение канабис, а констатирана е активна компонента во седумте таблети - 3,4 (MDMA)-психотропна супстанца-стимуланс.
Пријавениот минува во полициската крим евиденцијата како извршител на три тешки кражби.
Ново на Сител
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
-

Русија ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да го сменат режимот во Иран, саботирајќи ги дипломатските напори
-

Хегсет: Нападот врз Иран не е за промена на режимот туку да се уништи заканата
-

Сиљановска-Давкова: Жените веќе не се исклучок во технолошките процеси, туку се нивни креаторки
-

МНРиНТ апелира македонските државјани да се воздржат од непотрбни патувања на Блискиот Исток
