Октопод избега од аквариум во океан
Октопод со големина на топка за рагби, усепа да се провлече низ тенка цевка во Националниот аквариум во Нов Зеланд „Напијер“ и се врати повторно во океанот на слобода, јавија денес локалните медиуми.
Октоподот машки пол, наречен Инки, е подарен на аквариумот „Напијер“ пред две години откако беше спасен од мрежите за фаќање ракови.
Инки избега на слобода затоа што се провлече низ мала дупка од неговиот аквариум и се лизна преку мокриот под по цевка со пречник од 15 сантиметри низ кој се провлече и заврши во океанот, се наведува во списанието „Ferfeks NJu Ziland“.
- Октоподите се многу интелегенти и многу радознали животни и имаат обичај да истражуваат кога ќе им се даде можност, изјави менаџерот на аквариумот, Роб Џарел.
- Тоа дека имаше мала дупка во неговиот аквариум му беше доволно да избега, а ние на подот забележавме мокри траги кои водат до една од четирите одводни цевки, рече тој.
Октоподите се прекрасни кога станува збор за исчезнување без трага, рече Џарел и додаде дека персоналот на аквариумот ќе внимава на другиот октопод што им останал.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци