Реакција на КОВЗ за сквернавење на спомен-плочата на Мајка Тереза

Комисијата за односи со верските заедници (КОВЗ) преку соопштение го осуди, како што посочуваат, обидот за сквернавење на спомен-плочата на Мајка Тереза.
- Во годината во која ја прогласуваме за светица нашата сограѓанка Мајка Тереза, во година во која прогласувањето на нејзината светост е и наша македонска светост, оваа година во која и државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин се поклони во нејзиот дом, во оваа јубилејна година бездушните се обидоа да ја сквернават и нејзината плоча, при тоа навредувајќи ги чувствата не само на католиците, туку и на сите почитувачи на ликот и делото на Мајка Тереза. Во безумието нивно злите раце удрија и врз Светицата! Жената Мајка Тереза која се роди во земјата на Големата Мајка за да биде Мајка на целиот свет, жената која се што беше скршено го спојуваше и обединуваше со љубов, надеж и исцелување, се наведува во реакцијата на Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи.
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
