Обама ја повика Британија да остане блиска со европските сојузници
Американскиот претседател Барак Обама ја повика велика Британија да остане блиска со своите сојузници во Европа за да помогне во меѓународната борба против тероризмот.
Тој коментар го даде во напис во Дејли телеграф објавен по неговото доаѓање синоќа во официјална посета на Лондон.
Обама наведува дека соработката со размена на разузнавачки податоци и борбата против тероризмот, па се до склучување договори за создавање работни места и економски раст, е многу подобра ако се остварува ширум Европа.
– Сега е време за пријателите и сојузниците да се држат заедно, потенцира Обама.
Тој вели дека ЕУ не го намалува британското влијание туку го зголемува.
– Силна Европа не е закана за глобалното лидерство на Британија, таа го зголемува водството на Британија во светот, наведува Обама.
Ново на Сител
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип
-
Запленети над 400 метри рибарски мрежи за крап на Дебарско Езеро
-
Мотоциклист заврши во болница по судир со автомобил
-
Маж каснат од куче скитник во Скопје
-
Стоилковски: Преговарачкиот процес со коалициските партнери е во напредна фаза и се базира на принципи