Лут: Нема простор за ширење на НАТО, тоа ќе ја дестабилизира Русија
Американскиот амбасадор при НАТО Даглас Лут смета дека нема простор за ширење на НАТО во блиска иднина поради стравот дека тоа ќе ја дестабилизира Русија, пренесува Танјуг.
Западните медиуми наведуваат дека проширување на НАТО би можело да ја разочара Грузија и голем дел од балканските земји, потсетувајќи дека во декември минатата година Црна Гора беше повикана во членство, во првото проширување после 2009 година.
- Зборувајќи практично, сметам дека нема многу простор во скоро време, во наредните неколку години можеби, за дополнително ширење на НАТО, наведе Лут на Аспеновиот безбедносен форум во Лондон.
Тој оцени дека „Русија игра важна улога во стратешкото опкружување“ и дека „стратешкото опкружување ќе го закочи ширењето на НАТО“.
- Ако го земеме предвид она што е претходно кажано, за внатрешните слабости на Русија и можното постојано пропаѓање, не би имало поента сега да ја туркаме уште понатаму и можеби да го забрзаме или дестабилизираме тоа пропаѓање, нагласи Лут.
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани