Санација на резервоар за вода во месноста Порупи

По изградбата на водоводна мрежа во месноста Три Круши, во должина од околу 1.700 метри, за да се овозможи непречено водоснабдување, во тек се активности за санација на некогаш изградениот резервоар во месноста Порупи, кој досега не бил ставен во функција.
По налог на општина Кисела Вода пред еден месец е изграден нов испуст до каналот и во моментов се врши реконструкција на фасовските елементи во внатрешноста на резервоарот и мократа комора. По завршувањето на градежните активности, испуштањето на водата од резервоарот ќе оди преку цевковод изграден за таа намена.
Санацијата треба да заврши за еден месец, од што корист ќе имаат жителите на месноста Три Круши и Порупи, село Драчево.
Сите корекции се во координација со ЈП “Водовод и канализација” на кое ќе му биде извршено примопредавање по финализацијата на градежните активности.
Ново на Сител
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
