Неверојатна приказна за жената која не можела да роди: Паднала од велосипед и останала бремена

Кејт многу рано влегла во менопауза уште на 27-та година од животот, лекарите и рекле дека нема да може да има деца. Десет години подоцна едвај преживеала тешка несреќа која и го променила животот од корен.
Кејт Менсбриџ (43) се откажала од своите сонови да стане мајка кога пред 10 години доживеала бизарна несреќа. Медицинската сестра од Велика Британија влегла во менопауза уште кога имала 27 години и мислела дека никогаш нема да биде мајка.
Меѓутоа на одмор во франција ја удрил автомобил додека возела велосипед. И бле скршени коските на нозете, клучната коска, двата прста и биле одвоени од раката заедно со кожата, и биле исчашени рамената, а претрпела и повреди на главата.
Три дена по несреќата не се будела, а лекарите се плашеле дека нема да преживее. Дури имала и мозочен удар. Морала да учи правилно да говори и да пишува отпочеток. кејт успеала да се опорави од тешките повреди, а несреќата и ја донела најголемата животна среќа.
Големиот налет на адреналин на дел од мозокот кој е одговорен за репродуктивните хормони и го разбудил тој заспан дел и резултирал со редок феномен - повторно добила менструација.
Три години подоцна ја родила долго посакуваната ќерка.
- Да не беше несреќата никогаш не би можела да ја имам, пренесува Дејли мајил. Плачев од среќа кога ја здогледав својата малечка прв пат на ултразвукот. Кејт морала да се породи со царски рез. Мајчинството за мене е откривање. Понекогаш е исцрпувачки и фрустрирачки, но исто така е вреден и прекрасен дар кој ве прави уште посреќем, заклучила Кејт.
Ново на Сител
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
-

МЖ Транспорт продолжува непречено да работи, проблемите надминати, платата исплатена
-

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија
-

Мајката тврди дека со двегодишното дете гледале огномет, слушнала звук по што видела крв на неговата глава
-

Германскиот полициски синдикат бара итна забрана на приватните огномети по црниот биланс за Нова година
-

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците
-

Мицкоски: Образованието ќе биде еден од врвните приоритети, треба да се зголеми бројот на научни трудови
-

Приведен 31-годишник во Тиквешко, обвинет дека ја нападнал тетка му
