Зоран ја проговори вистината за свештеникот кој наводно не сакал да ја погреба Јелена

Свештеникот наводно не сакал да ја погреба Јелена, во ниеден момент не е поставено прашње околу тоа, и мојата мајка секако не е се занимава со вештерство, вели Зоран Марјановиќ за српски Телеграф.
Зоран Марјановиќ, сопругот на пејачката Јелена Марјановиќ (32) која на 2 април исчезнала, а потоа е пронајдена мртва на насипот во населбата Црвенка во Борча, вели за српски Телеграф дека не е вистина дека свештеникот не сакал да ја погреба неговата сопруга.
Една од соседките на семејството Марјановиќ, наводно раскажала за одредени белградски медиуми, дека ни еден свештеник не сакал да ја погреба Јелена поради матните работи на нејзината свекрва.
Зоран додава дека никој од неговото семејство не се занимава со такви работи и напоменува дека тој се занимава со продуцентски работи со години.
- Не е точно дека Свештеникот не сакал да дојде на погребот поради мојата мајка, и тој дојде затоа што го повика мајката на Јелена.
Јас се занимавам со продуцентска работа, позади мене има стотина песни и доста хитови а за тоа со што се занимава мојата мајка не се ниту карти ни вештерски работи, и не е ништо што не е православно, вели сопругот на Јелена Марјановиќ.
Тој додава дека тој Свештеник, кој според медиумите одбил да ја погреба Јелена, секоја година доаѓа во неговата куќа откако се доделиле во Борча.
- Тој е наш свештеник кој ни доаѓа секоја година да ни ја освети куќата пред слава, вели Маријановиќ и додава дека полицијата многу добро ја работи својата работа, и не сака ништо да коментира во врска со убиството на неговата сопруга.
Ново на Сител
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
-

Кремљ: Американската идеја за слободна економска зона во Донбас е тешко остварлива
-

Њујорк тајмс: САД ги враќаат дипломатите во претставништвата на Блискиот Исток
-

Тригодишно девојче тешко повредено откако лифт ненадејно се отворил и затворил
-

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната сопруга, измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта
