Медицинска мистерија: Двајца браќа преку ден се активни, ноќе се парализираат
9-годишниот Абдул Рашид и 13-годишниот Шоаиб Ахмед од Пакистан се нормални деца преку ден. Но штом ќе падне ноќ двајцата браќа целосно се парализираат, тие неможат да се мрдаат и да зборат.
Лекарите се потполно збунети за состојбата на овие деца. Џавед Акрам, професор по медицина кој ги посетил децата, вели дека не знае што предизвукува нивните тела да се исклучат од употреба.
- Ова е голем предизвик. Нашите доктори прават тестови за да се установи зошто децата се активни преку ден, но неможат да ги отворат своите очи, неможат да зборат или да јадат додека сонцето не излезе.
Браќата се наоѓаат во Исламбада на тестриање кое го финансира Владата, бидејќи децата доаѓаат од сиромашно семејство. Примероците од нивната крв ќе бидат земени и испратени на понатамошно тестирање, а истражувачите ќе ги земат примероци од воздухот во нивната куќа.
Иако лекарите се потполно збунени, нивниот татко Мохаммад Хашим мисли дека знае за што станува збор, тој верува дека неговите синови добиваат енергија од сонцето.
Но лиекарите неговата теорија ја отфрлаат бидејќи децата се активни за време на денот и кога се во мрачни простории или кога надвор е облачно.
Состојбата на овие браќа останува медицинска мистерија, но семејството се надева дека тестирањата ќе дадат одговор за нивната состојба.
Ново на Сител
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон
-
Сообраќајна несреќа на патот Битола - Прилеп, повредени 5 лица
-
Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на Бехтел и Енка, за проблемите Владата праќа молби до нив
-
Мицкоски очекува зајакнување на односите со Берлин по победата на ЦДУ/ЦСУ
-
Битиќи: Владејачкото мнозинство ги одби законите за намалување на ДДВ на струја и храна
-
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот
-
Таравари: Процесот на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано и пациентите нема да трпат