Излегувањето на Велика Британија од ЕУ добро ќе им дојде на непријателите на Западот

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија добро ќе им дојде на непријателите на Западот, предупредија петте поранешни генерални секретари на НАТО во писмо до британскиот весник „Телеграф“.
Тие оценуваат дека е многу вознемирувачко ако Британците гласаат за излегување од ЕУ.
Писмото го потпишаа петте поранешни шефови на НАТО од 1984 до 2014 година - лорд Питер Карингтон, Хавиер Солана, лорд Џорџ Робертсон, Јап де Хоп Шефер и Андерс Фог Расмусен.
Тие посочуваат дека Велика Британија е клучен партнер во НАТО и дека заедничка цел на Алијансата и на ЕУ е факторот за стабилност во светот.
- Во време на глобална нестабилност и кога НАТО се обидува да ја засили улогата во Источна Европа, ќе биде многу вознемирувачки, ако Велика Британија го прекине членството во ЕУ, се посочува во писмото.
Авторите додаваат дека Велика Британија имала решавачка улога во ЕУ за воведување на санкции на Русија и на Иран.
- Одлуката ќе ја донесе британскиот народ, но Брегзит несомнено ќе доведе до ослабнување на влијанието на Велика Британија, ќе гои поткопа НАТО и добро ќе им дојде на непријателите на Западот точно кога ние треба да се соочиме рамо до рамо во евроатлантската заедница против заедничките закани, вклучително и тие, кои ни се на прагот, се посочува во писмото.
И актуелниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг е на ставот дека Велика Британија треба да остане во ЕУ.
Ново на Сител
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
-

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
