Италијански театар на третото издание на МНТ Фест
Од утре до 15 мај, во рамки на третото издание на Меѓународниот театарски фестивал МНТ фест ќе се претстават уметници од Италија од регионот Апулија. Ќе бидат прикажани повеќе театарски и танцови претстави и филмски проекции.
Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорот на Македонскиот народен театар Дејан Пројковски, кој ја претстави програмата. Нагласи дека овие четири дена ќе бидат празник на италијанскиот театар и култура во Скопје и во Република Македонија.
Отворањето е утре во 19 часот со претставата „Сон на лентата ноќ“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Антонино де Нито.
Според критиката, како што рече, тоа е претстава која зрачи со свежина и со ведрина од сите пори.
- Весела е и многу забавна. Играат актери од Италија, Србија, Хрватска, Црна Гора, рече Пројковски. Репризата на претставата е в петок, во 20 часот.
Националната опера на борците гостува в сабота во 20 часот со „Планинските џинови“, по сценарио на Валентина Дијана, а во режија на Џузепе Семераро. Според режисерот, тоа е непромислено драмско дело кое од пиранделовски театар иронично се стреми да создаде театар поради театар, уметност поради уметност.
В недела во 19 часот ќе биде прикажана танцовата претстава „Во темната кружиме ноќ и не голтаат јазици, пламни“ на театарот Алдес од Лука. Во 21 часот е проекцијата на филмот „Земјата каде што дрвјата летаат, Еуџенио Барба и годишнината на Один“ во режија на Давиде Барлети и Јакопо Квадри.
- Проекцијата на овој филм ја добивме благодарение на Франко Унгаро. Филмот е посветен на големиот светски режисер Еуџенио Барба и неговиот сега култен Один театар. Филмот претставува екслузивна можност да се погледне работата на Один театарот, рече Пројковски.
Франко Унгаро, директор на Медитеранската академија на актери и уметнички директор на театарот „Сан Доменико“ од градот Крема информира дека програмата со која се претставуваат е резултат на долгогодишната соработка со Пројковски. Додаде дека во изминатите 10 години направиле многу заеднички проекти и голем број активности.
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри