Деветта Македонска книжевна визита во Софија

Единаесет македонски поети и писатели од сите генерации, од денеска до 15 мај во Софија ќе учествуваат на традиционалната 9. „Македонска книжевна визита“ чија мисија е афирмирање на македонската литература во соседна Бугарија.
Организатор на настанот, Книгоиздателството „Макавеј“, истакнува дека со оваа манифестација се придонесува во унапредување на врските меѓу македонската и бугарската литература, обновување на плодната комуникација меѓу писателите, преведувачите и книжевните научници од двете земји, афирмацијата на преводите на македонските дела во Бугарија и на бугарските автори во Македонија, како и за поттикнувањето нови приврзаници и почитувачи на македонската литература.
Според програмата, годинашната „Деветта македонска книжевна визита“ ќе започне со книжевниот портрет на современиот македонски поет Веле Смилевски, за чие творештво ќе говорат Санде Стојчевски и Бранко Цветкоски, а истата вечер ќе се одржи и Вечер на современата македонска поезија со настап на 11 македонски поети.
Вториот ден од манифестацијата му е посветен на творештвото на Стојан Тарапуза, доајен на македонската литература за деца. За доблестите на неговото творештво ќе говори поф. д-р Кристина Николовска. На завршниот ден учесниците на манифестацијата ќе имаат официјален прием во Сојузот на бугарските писатели и ќе му оддадат почит на еден од основоположниците на современата македонска литература Венко Марковски.
Во рамки на манифестацијата ќе биде доделена и наградата „Македонски книжевен Дедал“ за творечки дигнитет и за придонес во афирмацијата на македонската литература во Бугарија, како и за зближувањето на македонските и бугарските писатели. Годинешен носител на ова признание е бугарскиот писател, есеист и издавач Иван Гранитски.
- Еден од најдрагоцените придонеси на Македонската книжевна визита во Софија е откривањето, поттикнувањето и афирмацијата на нови преведувачи на македонската литература во Бугарија. Во таа смисла наградата „Македонски книжевен Дедал“ која „Макавеј“ ја доделува на секое издание од оваа манифестација придонесува да се оформи во изминатата деценија нова група квалитетни преведувачи (најчесто, истовремено и писатели) кои безрезервно ја согледаа новата голема модерна мисија на македонската литература, наведуваат од книгоиздателството „Макавеј“
Меѓу најголемите афирматори на македонската литература во Бугарија се угледните современи бугарски писатели и преведувачи: Петар Караангов, Елка Њаголова, Димитар Христов, Николај Шопов, Роман Кисјов, Здравка Итева, Тања Попова и др. Како што се наведува, овие преведувачи, кои се и темелни автори на бугарската литература заедно преведоа околу 30 дела од македонски автори кои се објавија во копродукција со бугарски издавачи или само од бугарски издавачи.
Книгоиздателството „Макавеј“ ја организира Книжевната визита во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Софија, а проектот е помогнат од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Британскиот амбасадор Лосон преку видео порака на македонски го честиташе Денот на македонскиот јазик
-

Авионска дезинсекција на скопската територија во четврток
-

УЈП: Над 860 илјади граѓани добија однапред пополнети годишни даночни пријави за 2025 година
-

Постигната спогодба меѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли во врска со тужбата за наводно сексуално вознемирување
-

Средба на Сиљановска-Давкова со романскиот претседател Дан: Добрите политички односи да бидат проследени со поширока економска соработка
-

Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива
-

АХВ од Тетово почнува со работилници за управување со популацијата на кучиња
-

Во април расчистени 2.750 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
