-->
-->
Eвролига: Антиќ избори финале со ЦСКА
-->

Кошаркарите на Фенербахче ќе им играат во финалето на завршниот турнир во Евролигата, откако во драматичното полуфинале, по едно продолжение славеа против Лаборал Куча 88:77. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 72:72.
Фенербахче го избори првптп финале во клупската историја, а македонскиот интернационалец Перо Антиќ трет пат во кариерата ќе се бори за европската титула. Фенербахче, од загубена позиција, избори продолженија против Лаборал Куча, а потоа и пласман во финалето. Антиќ одигра нешто повеќе од 28 минути и имаше учинок од осум поени (2/2 слободни, 0/3 за два, 2/6 за три), седум скокови, две асистенции и една украдена топка.
Иако Фенербахче фуриозно го отвори натпреварот и по три минути игра поведе со 13:0, Лаборал со влегувањето на Бурусис ја стабилизира својата игра. Грчкиот центар и Адамс поодија неколку тешки шутеви што резултираше со предност на Лаборал по првиот дел 40:41.
Борбата на теренот продолжи и во третиот период, но шпанскиот тим имаше контрола врз она што се случуваше на теренот и во последниот период влезе со предност од два поени 57:59.
Во последната четвртина, Лаборал, стигна до највисоката предност од седум поени (59:66), но не го искористи моментумот и не успеа да се „одлепи“. Весели со шест поени во низа го врати во игра Фенербахче.
Лаборал Куча во последните 40 секунди влесе со предност од четири поени (67:71), не успеа да реализира напад, а Датоме со тројка го доближи Фенер на поен негатива. Потоа Адамс погоди само едно слободно фрлање, а Слукас на 26 секунди до крајот положи за 72:72.
Последниот шут во регуларниот дел го зеде Адамс, но неговиот обид за три поени излезе од обрачот.
Во продолжениетоЛаборал немаше никакви шанси, во дополнителниот период доминираше Богдановиќ кој постигна девет од своите 18 поени.
Појрај Богдановиќ двоцифрен број на поени кај победникот постигнаа уште четворица играчи: Датоме 15, Јудох и Весели по 14 и Слукас 13.
Кај Лаборал блескаше Бурусис со 22 поени и 10 скокови, додека Адамс имаше учинок од 19 поени и седум асистенции.
Финалниот меч во Берлин, во кој Фенербахче ќе игра против ЦСКА ќе се одигра в недела од 20 часот, а три часа претходно Лаборал Куча и Локомотив Кубан ќе се борат за третото место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
