-->
-->
„МОДОАРС 2016“: Концерт на млади пијанистки
-->

Во рамки на 9. Фестивал за современа музика „МОДОАРС 2016“ синоќа во салата „Бели мугри“ во Велес концерт одржаа младите пијанистки Карла Биков, Елена Ефремова и Фросина Трајковска, студентки на Музичката академија при Штипскиот универзитет, во класата на проф д-р Ема Потевска Попивода.
Се претставија со повеќе дела од класичната музика: Етида од Рахмањинов, Соната оп. 14 бр. 1 од Бетовен,со Прелудиум од Гершвин, Етида од Франц Лист, Фантастичните пиеси оп.111 бр 1 и 3 од Шуман, Словенски танец оп.72 бр. 2 од Антони Дворжак, Унгарски танец бр.4 во ф-молл од Јоханес Брамс и 2 пиеси од Џорџ Гершвин.
Задоволни се од својата изведба и од, како што изјавија, одличниот прием кај велешката публика.
- Целта на овие концерти е претставување на младите уметници и популаризирање на класичната музика меѓу граѓаните, посебно пред младата публика, рече Биков.
За разлика од Штип каде што го имаа својот прв заедничи концерт, на Карла и Елена, на овој втор заеднички концерт во Велес им се придружи и нивната колешка, пијанистката Фросина Трајковска од Велес, која исто така студира на Музичката академија во Штип. По Штип и Велес, во рамки на „МОДОАРС 2016“, ќе имаат концерт и во Скопје.
Младите уметници најавија дека овие јавни настапи се воедно и нивна подготовка за меѓународниот натпревар по пијано во Сан Дона ди Пијаво, Венеција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полуфиналето на турнирот во Порто и донесе скок на Ѓорческа од 12 места
-

Епидемиологот Оранска од ВМЦ: Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, болеста не потекнува од Армијата
-

Тешко повредено 11 годишно момче во Штип, со велосипед удрило во дрво
-

Без вода утре делови од Карпош
-

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката
-

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица
-

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
